Хрватскиот клуб Вуковар 1991 објави дека го отпуштил голманот Срѓан Недиќ затоа што „лајкувал“ страници со четничка иконографија на социјалните мрежи.
18-годишниот Недиќ требаше да дебитира денеска против Динамо Загреб во Хрватска, но откако челниците на Вуковар ги проверија тврдењата на навивачите и открија дека младиот Вуковарец го следи профилот „Четници 1941“ на Инстаграм, веднаш беше отпуштен. После сè, проговори и Недиќ, кој ја изнесе својата страна од приказната.
„Како 12-годишно дете, без свест за значењето и последиците од моите онлајн активности, следев страница чија содржина денес ниту ја поддржувам, ниту разбирам зошто го направив тоа. Спорната страница не е активна повеќе од шест години, а оттогаш пораснав, се променив и како спортист и како личност. Денес, на 18 години, целосно разбирам зошто моите постапки од тоа време предизвикуваат болка и гнев, особено затоа што доаѓам од клуб и град со тешко, болно наследство. Искрено жалам за тој чин и за сè што произлезе од него. Не барам изговор, туку можност да покажам колку го почитувам мојот роден град, неговата историја и луѓето. Жал ми е што целата ситуација се одвиваше во медиумите, без да имам можност претходно да ја објаснам мојата страна од приказната. Верувам дека спортот треба да ги зближува луѓето, а не да ги разделува. Искрено им се извинувам на сите што беа повредени од ова“, напиша Недиќ на Инстаграм.
Освен „четниците“, хрватската јавност беше вознемирена и од фактот што Недиќ следи страници посветени на Црвена Звезда.
„ХНК Вуковар 1991 со ова сака да ја информира јавноста дека, веднаш по дознавањето за дејствија што не се во согласност со вредностите и стандардите на нашиот клуб, презеде решителни мерки и договорот со играчот Срѓан Недиќ беше раскинат што е можно поскоро. Како клуб заснован на почит, одговорност и интегритет, сметаме дека таквото однесување не е прифатливо и не ги претставува вредностите за кои се залагаме. Им се извинуваме на сите наши фанови, партнери и јавноста што во овој случај не ги презедовме сите потребни чекори на време за да го заштитиме достоинството и угледот на клубот. Иако вложивме голем напор во професионалното однесување на сите наши членови, важно е да се нагласи дека не ги следиме приватните содржини и активности на поединци надвор од рамките на клубот. ХНК Вуковар 1991 ќе продолжи бескомпромисно да реагира на сите ситуации што ги доведуваат во прашање. Ви благодариме за разбирањето“ – се вели во соопштението од Вуковар.
View this post on Instagram
Патем, пред неколку недели, слична ситуација во Србија предизвика јавна револт, кога ракометниот клуб Војводина го отпушти својот нов хрватски играч, Филип Ивиќ, затоа што тој отиде на концерт на проусташкиот музичар Томпсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

