На проблемите на хрватската репрезентација околу составот за Евробаскет 2017 им нема крај, откако Миро Билан обелодени дека нема да настапува за својата репрезентација. Центарот си заминува од Цедевита, но се уште нема пронајдено нов клуб, поради што одлучил да се сконцентрира на потрагата по нов ангажман, откажувајќи го своето присуство на подготовките.
Ова е последниот во низата проблеми за селекторот Александар Петровиќ, кој не може да смета ниту на Марио Хезоња, кој одби да дојде од НБА за да му помогне на националниот тим, повредени се Лука Бабиќ и Марко Араповиќ, а селекторот на располагање ги нема ниту Рок Стипчевиќ и Жељко Шакиќ. Ова значи дека во однос на ланските ОИ хрватската репрезентација ќе има само шест исти кошаркари во составот, Роко Укиќ, Круно Симон, Бојан Богдановиќ, Дарио Шариќ, Дарко Планиниќ и Филип Крушлин.
Хрватска е дел од групата Ц каде покрај домаќинот Романија се наоѓаат уште и селекциите на Шпанија, Чешка, Унгарија и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА