Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, ги одработува последните шест месеци од договорот со Хајдук. И според хрватските медиуми, неговата иднина на „Полјуд“ е крајно неизвесна.
Засега нема најави за нов договор, а нема најави ниту дека ќе биде продаден оваа зима, со цел сплитските „бели“ да заработат нешто, со оглед дека на лето заминува како слободен агент.
Хрватските медиуми исто така пишуваат дека доколку Атанасов не се согласи на нов договор, ќе биде ставен под „мраз“ во пролетниот дел од сезоната. За него пред неколку месеци имаше интерес од шкотскиот гигант Селтик.
Сега Атанасов е на крстопат, дали да замине од Хајдук, или да остане и да види што ќе се случува во следниот период, односно дали тимот од Сплит ќе му понуди нова соработка, или ќе се одлучи да го пушти да замине во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА