Хрватски репрезентативец на 29 години ја заврши кариерата

Хрватскиот ракометен голман Матеј Ашанин, на 29 години ја прекинува професионалната кариера. Тоа го потврди и неговиот клуб Лудвигсхафен на официјалната интернет страница.

Ашанин веќе долго време се мачи со повреда на  грбот. Проблемите до толку се големи што одлучи предвреме да го раскине договорот.

„Веќе не можам да играм ракомет со вакви болки во грбот. Морам да паузирам, не знам колку долго, или тоа ќе биде засекогаш“, порача Ашанин.

Тој беше дел и од хрватската репрезентација на ЕП2020 година кога беше херој во полуфиналето против Норвешка, откако Хрватите го совладаа противникот по продолженијата. Во последните пет минути од регуларниот дел им одбрани пенали на Сагосен и Јонгдал.

Се вчитува...