Партизан веќе подолго време е на пазарот во потрага по нов плејмејкер, а последните информации говорат дека шампионот на АБА-лигата во следните неколку дена конечно ќе потпише ново засилување за оваа позиција во тимот.
Изборот е паднат врз Џејлен Смит, американскиот кошаркар кој има хрвтски пасош и настапува за „коцкестите“ во последните години. Смит имаше зад себе одлични сезони во дресот на Алба Берлин, летово се пресели во Виртус Болоња, но таму добива само минимална минутажа од тренерот Банки.
Италијанскиот клуб дал зелено светло за трансфер, а начелно е постигнат и договор меѓу Партизан и самиот кошаркар, па се очекува најдоцна до крајот на годинава да биде потпишан договор, со важност до јуни 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА