Голема е веројатноста дека хрватскиот репрезентативец Борна Соса во новата сезона ќе се врати назад во германското првенство, но овој пат ќе го носи дресот на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
Дваесетишестгодишникот во летото 2023 година од Штутгарт се пресели во Ајакс со кој има договор со важност од 2028 година, но за да го исполни во целост ќе биде потребно чудо со оглед на резултатите на холандскиот гигант во последната сезона како и интересот на „милионерите“ кои на Хрватот гледаат како идеална замена за заминатиот Иан Матсен кој по едносезонската позајмица се врати назад во Челси.
Соса на трансфермаркетот е проценет на 7.5 милиони евра што заедно со неговото петгодишно искуство од настапите во Бундеслигата го прави топ трансфер мета за Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА