Хрватски стратег засилување за стручниот штаб во ракометната репрезентација

Стручниот штаб на ракометната репрезентација од денеска има и „странски шмек“, откако во работата на националниот тим е вклучен и Хрватот Нино Павелиќ.

Тој ќе биде задолжен за работа со голманите, заземајќи го местото на Ице Соколевски во стручниот штаб на репрезентацијата.

„Донесовме одлука за освежување на стручниот штаб, со нас од денеска е Нино Павелиќ, искусен и квалитетен стратег кој работи со голманите во Нексе. Не се сомневаме во неговите квалитети и убедени сме дека соработката со него ќе даде резултат“, изјави селекторот Лазаров.

Се вчитува...