Хрватски центар долета меѓу „соколите“

Карпош соколи доведе уште едно засилување во своите редови, потпишувајќи договор со Ненад Делиќ. Станува збор за 33-годишен кошаркар кој според тренерот Даскаловски би требало да биде решение за центарската позиција, која остана „најтенка“ откако претходно „соколите“ се екипираа со квалитетни бекови од странство.

Делиќ ја почна ланската сезона во дресот на Рилски спортист за бугарскиот тим бележејќи одлични бројки од 15,2 поени и 6,7 скокови во рамките од Еврокупот на ФИБА. Тој во декември се пресели во екипата на Приштина, каде во БИБЛ имаше просек од 13,8 поени и 6,5 скокови по натпревар.

За хрватскиот центар овој трансфер претставува враќање во македонскиот шампионат, откако во сезоната 2007/2008 го носеше дресот на Струмица.

Се вчитува...