Ален Халиловиќ, некогашниот голем талент на хрватскиот фудбал кој беше споредуван со Лионел Меси, а и заигра за шпанскиот гигнат во 2014 година не успеа го потврди потенцијалот и низ годините промени бројни клубови ширум Европа.
Оваа сезона ги брани боите на холандскиот прволигаш Фортуна Ситард за кој постигна четири голови и две асистенции на 31 одигран натпревар. Но, и покрај добрите настапи во Холандија, тој цели да се врати во Шпанија. Тоа го откри во интервју за „Карусел Депортиво“ каде говореше на повеќе теми, меѓу кои и почетоците во сениорскиот фудбал.
„Сите кои ме знаат, знаат дека сонот ми беше за играм за Барселона и Милан. Во тоа успеав, но не сум задоволен бидејќи можев многу подобро. Сакам да се вратам на тоа ниво и да покажам дека имам квалитет. Сакам да се вратам повторно во Шпанија и се надевам дека тоа ќе се случи. Сега имам поголемо искуство, го научив јазикот и верувам дека дораснав за тоа ниво на фудбал“, изјави 27-годиошникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА