Хрватскиот селектор Туцак: Знаеме се за Србија, можеме да ги победиме…

Селекторот на хрватската ватерполо-репрезентација Ивица Туцак не ја криеше гордоста откако неговите избраници славеа и на денешниот дуел со Унгарија, успевајќи да се пласираат во големото финале на Олимписките Игри во Париз.

„Видовте дека го оставивме срцеето на терен, дадовме се од себе. Вое ден фантастичен меч против гигант, два дена претходно и против Шпанија. Честитки за моите момци, тоа се неверојатни играчи кои остварија величествен резултат за хрватскиот спорт и ватепроло. Никој не веруваше во нас, но ние знаевме дека можеме“, истакна Туцак.

Најголемиот предизвик следи в недела во 14 часот, кога во големото финале Хрватите ќе се сретнат со вечниот ривал Србија.

„Си ја отворивме вратата од рајот, сега треба уште да минеме низ неа. Јас живеам за ова, ова е мојот сон – тоа олимписко злато. Знаеме се за Србија исто како што и тие знаат се за нас. Секако дека ќе биде неизвесно, но јас верувам дека имаме сила да стигнеме до нова победа и да го освоиме тоа толку посакувано злато“, оптимист е хрватскиот селектор.

Се вчитува...