Речиси цела фудбалска Европа фрла со дрва и камења по Феликс Брих за недосудениот пенал на мечот Србија – Швајцарија. Сепак, поранешниот југословенсија судија Матео Беусан, сега судиски експерт на ХТВ, смета дека Брих бил целосно во право со одлуката наместо на белата точка, да покаже фаул од Митровиќ врз швајцарскиот фудбалер.
„Многу е едноставно да одговорите на прашањето зошто тоа не е пенал… погледнете кој кого држи и ќе видите дека овде секој паметен судија би досудил во корист на одбраната. Точно е, напаѓачот е во контакт со двајца фудбалери, но видливо е дека тој го држи дефанзивецот што се наоѓа пред него. Тој го направи првиот фаул во серијата, затоа судијата суди за одбраната и тоа е завршена приказна. Доколку Митровиќ стоеше мирно, ќе беше пенал, вака тоа не е случај. Јас лично никогаш во животот не би досудил пенал во ваква ситуација, предност се дава на одбраната. Честитки за Брих за храбрата одлука“ – истакна Беусан, кој вообичаено на ХТВ ги коментира судиските одлуки на средбите од ЛШ и од големите репрезентативни натпреварувања.
На потег сепак е ФИФА, а на Брих најмногу му се замерува што од страна на ВАР-судиите му било сугерирано да ја прегледа уште еднаш снимката, што тој го одбил и решил мечот веднаш да продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА