Виртус Болоња нема да може да смета на услугите на Анте Тони Жижиќ, хрватскиот центар висок 211 сантиметри во следните шест недели поради оперативен зафат на лактот.
Хрватот се обиде да настапи и покрај болките, но ќе мора да помине низ операција за во потполност да ја надмине повредата.
Жижиќ кој до 2020 година настапуваше во НБА лигата оваа сезона бележи просек од 8.0 поени и 4.1 скок за 18 минути поминати во игра во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

