Хрватските ракометари на цена: Главаш и Мартиновиќ со супер-трансфери…

Одличните игри на Хрватска на СП 2025 придонесоа да скокне вредноста на репрезентативците на „коцкестите“, од кои дел летово би требало да направат одлични трансфери.

Се очекува нога да повлече Филип Главаш, десното крило кое настапува за Загреб, а по завршувањето на сезонава треба да се пресели во Фленсбург. Новиот тренер на Фленсбург, Алеш Пајович, инсистирал токму на Главаш како на идеално засилување за крилната позиција, а преговорите за овој трансфер се наоѓаат во завршна фаза.

Покрај Главаш, клупските бои по одличниот настап на овој мундијал се очекува да ги смени и Иван Мартиновиќ. Бекот на Рајн-Некар Левен беше лидер на Хрватска на СП 2025, но според последните информации тој би можел да се пресели во тим од Лигата на Шампионите. Веспрем најавува составување на нов ракометен дрим-тим, а унгарскиот гигант гледа токму на хрватскиот ас како на играч со кој подолг период би била покриена десната бековска позиција во тимот.

Се вчитува...