Хамбургер го пречека Вердер во Бундеслигата, доаѓајќи до пресврт-победа од 3-2. А, пресвртот благодарение на неверојатниот гол на хрватското чудо, младиот Лука Вушковиќ.
Фабио Виеера го изведе слободниот удар, а Вушковиќ постигна гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ.
Гол кој дефинитивно е еден од најубавите во Европа овој викенд.
Luka Vuskovic. Incredible pic.twitter.com/qCxSchUbq1
— Kobra 🇭🇺🇸🇰 (@KobraTHFC) December 7, 2025
Голот на Хрватот беше за 2-1 на Хамбургер, но Вердер потоа по само три минути успеа да израмни. Сепак, во 84. минута, нова прослава за домашните, кога Поулсен остана сам на 11 метри и мирно постигна гол по додавање од својот соиграч за 3-2.
Вушковиќ е еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа, па доволно е да се каже дека Тотенхем го купи за над 10 милиони евра од Хајдук, но го позајми на Хамбургер, каде што игра заедно со својот брат.
Лука беше стандарден млад хрватски репрезентативец, но се почесто е на списокот и на Златко Далиќ. Има само 18 години но веќе е јасно дека пред него е блескава кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

