„Нула“ на хрватското дерби… Ивановски „пожолте“ по судир со „модрите“, Адеми се врати на терените (ФОТО)

Хајдук и Динамо Загреб одиграа без голови во големото хрватско дерби во рамките на 9. коло од Првата лига.

Во тензичен дуел, многу борба и без голем број шанси, на крајот двете екипи си поделија по бод. Македонскиот офанзивец Мирко Ивановски одигра 85 минути за Хајдук, притоа во 49. минута заработувајќи и жолт картон по тензијата која се создаде со противничките фудбалери.

По паузата поради повреда, во дресот на Динамо Загреб се врати и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој го одигра последниот половина час од натпреварот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...