Македонскиот интернационалец Енис Барди нема да биде во составот на Леванте за утрешниот натпревар против Севилја во рамките на Ла Лига. Тој оваа седмица се пожали на повреда на мускулот на ногата, па тренерот Хуан Муњиз мораше да го изостави од конкуренција за важниот дуел против Севилја на домашен терен.
Леванте нема победа на последните три натпревари во Ла Лига, а во моментот се наоѓа на 15.позиција на табелата со 16 бода, четири повеќе од Алавес, кој е во зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА