Хувентуд со убедлив пораз на гостувањето во Валенсија (102-81) ја заврши оваа календарска година, но најважно за македонската јавност е што Ненад Димитријевиќ од натпревар во натпревар добива се поголема доверба од стручниот штаб, но и возвраќа за неа со добри изданија за тимот од Бадалона.
Тоа беше случај и на вечерашниот дуел, на кој младиот Македонец беше меѓу најдобрите поединци во редовите на Хувентуд. Тој мина на теренот 25 минути, период во кој реализираше 11 поени, четири асистенции и три скокови.
За Хувентуд ова беше четврти пораз во последните пет кола, со што екипата на Димитријевиќ се наоѓа на делба од 14. до 16. место со скор од четири победи и девет порази во досегашниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА