Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок повторно ќе го актуелизира трансферот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ од Интер. Тој е голема желба на менаџерот Жозе Мурињо, но Португалецот не успеа да го доведе минатото лето и покрај максималните напори.
Интер му понуди нов договор на Хрватот и тој ја прифати можноста за продолжување на соработката. Сепак, Мурињо е упорен во намерата да го купи и во јануари ќе понуди 45 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА