Манчестер јунајтед три натпревари не знае за победа во Премиер-лигата, а за Жозе Мурињо стана традиција вината кога неговиот тим не триумфира да ја бара кај арбитрите. Тоа беше случај и по вчерашниот дуел со Саутемптон, на кој „специјалниот“ како клучен момент го потенцираше недосудениот пенал за ненамерното играње со рака на гостинскиот дефанзивец Јошида.
„Крег Посон е многу добар судија, но вечерва имаше многу лоша одлука со која го казни Јунајтед. Јас од клупата јасно видов дека се играше со рака во шеснаесетникот, потоа го видов истото и на видео-снимката. Тоа беше чист пенал, исто како и прекршокот над Рашфорд против Лестер, како и фаулот над Ерера со Сити. Три пенали на три натпревари – тоа сигурно прави разлика. Судиите воглавно судеа одлично на тие средби, но со три одлуки ние бевме казнети“ – изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА