По 60 минути игра Јувентус има 0-0 на гостувањето против Каљари во 20. коло од Серија А. Но, вистински шок за „Старата дама“ е повредата на еден од најдобрите фудбалери, Пауло Дибала.
Дибала заработи повреда на мускулот во 50. минута од средбата по што принудно мораше да биде заменет со Даглас Коста. Фудбалерот на Јувентус во солзи го напушти натпреварот. Дополнително, во текот на утрешниот ден се очекуваат прецизни информации за тежината на повредата и должината на евентуалната пауза за напаѓачот на тимот од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА