Хуан Мата останува на „Олд Трафорд“ до 2021 година

Шпанскиот интернационалец Хуан Мата останува во тимот на Манчестер Јунајтед уште две сезони. Тој потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“ иако имаше најави дека ќе си замине од „Олд Трафорд“.

„Ми претставува голема чест да продолжам да го носам дресот на овој голем клуб и да ги радувам навивачите. Во Манчестер Јунајтед сум веќе пет години и горд сум што можам „Олд Трафорд“ да го наречам мој дом“, изјави Хуан Мата.

Тој со Манчестер Јунајред има освоено трофеи во ФА Купот, Лига Купот, Лигата на Европа и „Комјунити Шилд“.

 

Се вчитува...