Хуан Мата уште една година на „Олд Трафорд“

Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2022 година. Иако се шпекулираше дека тој минатата сезона го одигра последниот меч во дресот на „црвените-ѓаволи“, сепак искусниот Шпанец се одлучи уште една година да остане на „Олд Трафорд“.

Мата во Јунајтед дојде во јануари 2014 година од редовите на Челси. За „црвените-ѓавол“ одигра 189 натпревари на кои постигна 34 гола, а по еднаш ги освојуваше ФА купот, Лига купот, Комјунити шилд и Лигата на Европа.

 

Се вчитува...