Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид успеа да задржи уште еден важен играч за следната сезона. По Антоан Гризман, кој објави дека ќе остане на „Ванда Метрополитано“, сега и дефанзивецот Хуанфран потврди дека ќе остане во клубот до јули 2019 година.
„Го продолжив договорот со мојот омилен клуб на уште една година и тоа ми носи гордост,. Тоа секако е среќен момент за мене и моето семејство. Моето срце сака до крајот на кариерата да остане „црвено-бело“. Едвај чекам да стартува новата сезона“ , истакна Хуанфран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА