Шпанскиот селектор Де ла Фуенте по неиграњето на Родри и на Јамал се соочи со нов проблем откако стандардниот дефанзивец Дин Хујсен поради повреда го откажа настапот на следните квалификациски мечеви против Грузија и Бугарија.
Овој 20-годишен фудбалер има повреда на мускулот, пристигна на тренинг-кампот на „црвената фурија“, па откако состојбата не му се подобри стручниот штаб реши да му дозволи да се врати во клубот, на негово место повикувајќи го Ејмерик Лапорт, кој во септември се врати во Ла Лига потпишувајќи за Атлетик Билбао од редовите на Ал Наср.
Добра вест е што не станува збор за сериозна повреда, па се очекува Хујсен да паузира една до две седмици. Дефанзивецот е неизвесен за првиот меч по репрезентативната пауза во кој Реал ќе се сретне ссо Хетафе, но би требало да се врати за мечот од ЛШ против Јуве и што е уште поважно – да биде стопроцентно подготвен за настап на „Ел Класико“ против Барселона, дерби-дуелот закажан за 26 октомври на „Сантијаго Бернабеу“.
Камбекот на Хујсен ќе биде исклучително важен ако се знае дека Реал до крајот на месецов ќе биде без четири дефанзивци, Карвахал, Трент, Ридигер и Менди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

