Хујсен потпиша за Реал: Ова ми е најубав ден во животот, ми се јави идолот Серхио Рамос…

Реал Мадрид денеска го официјализираше трансферот на Дин Хујсен, шпанскиот репрезентативен дефанзивец кој пристигна од редовите на Борнмут откако „кралевите“ ја активираа клаузулата вредна 58 милиони евра.

Со тоа, Хујсен стана најскап дефанзивец во историјата на Реал Мадрид, уривајќи го претходниот рекорд на Милитао, кој пристигна од Порто за 50 милиони евра.

„Ова ми е најубав ден во животот, без конкуренција, станувам дел од најголемиот клуб во светот. Зборував кратко со Чаби Алонсо, ми објасни што очекува од мене, убеден сум дека добро ќе се снајдам во тактичките замисли на теренот. Пресреќен сум, дури и ми се јави Серхио Рамос, кој е мој фудбалски идол и најдобар светски дефанзивец на сите времиња. Едвај чекам да почнам да играм за Реал Мадрид“, изјави Хујсен.

Младиот дефанзивец ќе има можност експресно да дебитира за новиот клуб ако се знае дека ќе биде дел од експедицијата на Реал Мадрид за претстојниот клупски мундијал.

Се вчитува...