Хулиган на Селтик осуден на три години затвор

Хулиган на шкотскиот фудбалски клуб, Селтик, Кевин Мекгуир доби три години затвор бидејќи минатата година во тек на конфликт со полицијата воочи натпреварот во купот против Аирдри ги предводеше навивачите на клубот.

Тој е осуден поради удирање на три полициски коњи, напад на двајца полицајци и насилничко однесување. Во текот на судењето во Глазгов, тој тврдеше дека е невин и дека таму се нашол само како случаен минувач. На судењето немаше никакви шанси бидејќи веќе има забрана за присуство на натпревари во Велика Британија, а во моментот на конфликтот бил на условна казна.

 

Се вчитува...