Хулигани малтретирале бездомник, а тогаш се појавил Салах…

Мохамед Салах повторно импресионира со одлични игри во дресот на Ливерпул, но и со односот надвор од теренот. Египетскиот голгетер се најде во центарот на вниманието откако се појави снимка од надзорна камера од бензинска пумпа во близина на Ливерпул.

На снимката се гледа како група хулигани малтретираат еден бездомник, се додека Салах не излезе од својот автомобил и експресно ја разреши ситуацијата.

„Мо беше извонреден, исто како што е на теренот. Немаше инцидент, само тргна кон момците и им кажа да внимаваат, бидејќи за неколку години и тие можат да се најдат во мојата ситуација. Мислев дека халуцинирам, а потоа се сврте кон мене, ме поздрави, ми даде 100 фунти и си замина. Каква легенда“, изјави бездомникот Дејвид Крег, кој беше најден од медиумите и ја раскажа својата приказна.

 

Се вчитува...