Иако им беше забрането да дојдат во Атина на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите во кој АЕК го пречекува Динамо, навивачите на загрепскиот клуб стигнаа Во Грција и направија серија инциденти во Неа Филаделфија, крајот каде што се наоѓа стадионот „Аја Софија“.
Откако беше објавено дека еден навивач на АЕК е убиен, стигаат нови вести од Грција. Меѓу повредените од дивеењето на навивачите на Динамо Загреб е и 12-годишно девојче.
Станува збор за случаен минувач, чија несреќа била што се нашла во исто кафуле со фановите на составот од Атина, кои изненадно биле нападнати од највоинствените навивачи на „модрите“ од Хрвтска. На девојчето ѝ била расцепена главата со удар со камен, но за среќа нејзината состојба не е животно загрозувачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

