Навивачите на Милвол важат за едни од најозлогласените во Англија, а денешниот дуел против Лестер беше само уште еден доказ за нивниот темперамент. Имено, по фантастичната победа на нивните миленици над актуелниот првак од 1-0 и пласманот во четвртфиналето од ФА Купот на Англија, хулиганите не само што втрчаа на теренот, туку и истрчаа до трибината каде се наоѓаа фановите на Лестер, почнувајќи да фрлаат со тврди предмети кон нив.
За момент постоеше сериозна опасност од масовна тепачка, но за среќа полициските сили, дел од нив качени на коњи, обезбедија „тампон зона“ меѓу двете навивачи групи пред страстите целосно да се смират.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА