Хулијан Алварез го игра убедливо најдобриот фудбал во кариерата во тимот на Атлетико Мадрид. Аргентинецот беше лично пофален од Диего Симеоне, а логично е дека постои интерес за Алварез.
Сепак, од тимот од главниот град на Шпанија, велат дека Аргентинецот е недопирлив. Ако сака да си замине, ќе мора да тимот што ќе го купи да стави многу пари на сметката на клубот од „Метрополитен“.
Барселона би сакала да го купи, но во моментов тоа се чини како невозможна мисија. Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити би можел да оди во друг клуб, но само за 200 милиони евра кои би требало да бидат платени на Атлетико.
Алварез постигна шест гола на седум натпревари во Ла Лига од почетокот на сезоната, а блесна и во мадридското дерби каде постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

