Хулк и на 38 години „кине мрежи“ во Бразил (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Хулк залезот на кариерата се врати во татковината каде со успех настапува за Атлетико Минеиро. Оваа година на 29 одиграни средби веќе постигна 15 голови, а последниот од нив е вистинска класа.

Пред самиот крај на натпреварот против Палмеирас изведе слободен удар, мајсторски, силно и прецизно надвор од шестнаесетникот, а голманот само ја проследи топката која за малку не ја „искина мрежата“.

Се вчитува...