Еден од најголемите малери во светот на Формула 1 е без сомнение Германецот Нико Хулкенберг. Уште еден доказ за тоа се случувањата пред трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун.
Хулкенберг требаше да вози за Расинг Поинт затоа што возачот на оваа екипа Серхио Перез е заразен со коронавирус. Сепак, неколку минути пред трката болидот се расипа и Германецот мораше да се откаже. Тој во квалификациите беше 13-ти што му овозможуваше и борба за бодови, но тоа таа можност не успеа да дојде.
Хулкенберг е познат како еден од најголемите малери во Ф1, возач со најголем број трки во Формула 1 но без победнички пиедестал. Во кариерата има 177 трки, но ниту еднаш не успеал да стигне до една од првите три позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА