Хуман гест: Хотелите на Кристијано Роналдо ќе бидат болници

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, ја воодушеви светската јавност со одлуката ланецот хотели во Португалија да дозволи да бидат адаптирани во болници за заразените од коронавирус. Тој дополнително и ќе ги плаќа медицинскиот персонал и луѓето кои ќе работата во импровизираните болнички капацитети. За сите што ќе бидат сместени во овие објекти, Роналдо ќе ги покрие сите медицински трошоци.

Кристијано Роналдо во моментов е во самоизолација во Мадеира откако замина во родната земја поради здравствената сосотојба на мајка му. Тој мора да биде изолиран затоа што неговиот соиграч Даниеле Ругани беше позитивен на вирусот COVID19.

Се вчитува...