Лионел Меси и Антонела Рокусо објавија дека наскоро ќе се венчаат, а нивната венчавка ќе има и хуманитарна страна. Фудбалерот на Барселона и неговат идна сопруга ги замолија гостите да не им носат никакви подароци, туку парите намененети за тоа да ги уплатат во Фондацијата „Лионел Меси“ и тие потоа да бидат донирани на луѓето на кои им се потребни.
Во нивното соопштение се наведува дека Меси има се што може да посака, додека многу луѓе живеат на раб на егзистенција и секоја донација им е добредојдена.
Меси и Рокусо се познаваат уште од детството, заедно се од 2008 година и имаат две деца, Тиаго и Матео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА