Фудбалската федерација на Македонија денеска во соработка со Црвен Крст – Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителската акција дарувајќи го „највредниот подарок – капка полна живот“!
„Ја потврдуваме нашата посветеност на хуманоста – вредност што ги обединува сите во Фудбалската федерација на Македонија. Организирана е крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност. Највредниот подарок. Капка полна живот“ – информираа од ФФМ за акцијата во која беа вклучени и селекторот Благоја Милевски како и легендата на македонскиот фудбал Бобан Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА