Македонската пливачка легенда Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15 годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското езеро е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува на 14.08.2024 година во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште.
Стефановски ги повикува сите хумани луѓе да донираат за подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. „Заедно со Вас и вашата поддршка на многу деца и лица ќе им дадеме можност да ги достигнат личните потенцијали, да уживаат во благодетите од спортот, да имаат поисполнет живот и најважно од се, да се чуствуваат прифатени и сакани“, вели Стефановски.
На 14 август 2009-тата година, Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Тогаш, потфатот на Стефановски траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.
Овој хуманитарен настан Стефановски го организира заедно со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот Пливачки Маратон.
Сметка за донации:
ИТК Македонија – Скопје
Трансакциска Сметка: 500 00000 14054 60 / Банка: Стопанска Банка АД Битола
Адреса на Банка: Добривоје Радосављевиќ 21, 7000 Битола – МКД
ЕДБ: 4057022558931 / ЕМБС: 7568584
Девизна Сметка – Account Name: ITK Macedonia – Skopje
IBAN / Account Number: MK07500722000011951; BIV / SWIFT CODE: STBBMK22
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА