Фудбалерите на Борусија Дортмунд и членовите на стручниот штаб на „милионерите“ уште еднаш ја потврдија својата хуманост, прифаќајќи намалување на платите, за овие средства да отидат на сметка на останатите вработени во клубот, тренинг комплексот и на стадионот на кој Борусија ги игра своите домашни натпревари.
„Милионерите“ прифатиле намалување на платите од 20% во следниот период, а доколку сезоната во Бундес-лигата продолжи Борусија ќе им дава 10% помала плата на своите играчи и тренери во однос на она што им е пропишано во договорите.
„Ова е време на криза и секој треба да помогне. Мило ми е што од намалувањето на мојата плата ќе се спасат луѓе да не останат без работа“, изјави тренерот Лусијан Фавр.
Според извори од клубот, парите собрани со оваа акција ќе бидат доволни за да се спасат вкупно 850 работни места во клубот, но и во компании и институции со кои Борусија успешно соработува со години наназад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА