Челниците на германската фудбалска федерација не се премногу воодушевени од егзибициите на Матс Хумел кој постираше видео на Инстаграм како скока од балкон во базен. Генералниот менаџер на репрезентацијата, Оливер Бироф, го потсети Хумелс на одговорноста што ја има како репрезентативец.
„Добро што не скокна на глава…Инаку, ние не сме полиција да ловиме што објавуваат нашите репрезентативци на социјалните мрежи кога не играат. Играчите знаат дека се одговорни за она што го објавуваат на социјалните мрежи. Матс, обично размислува за своите потези “ – рече Оливер Бироф.
Хумелс со репрезентацијата на Германија се подготвува за натпреварите во квалификациите за СП 2018, утре против Чешка во Прага и три дена подоцна против Норвешка во Кајзерслаутерн.
Германија е прва на табелата во групата Ц со 18 бода, а зад неа се С.Ирска со 13, Чешка со 9, Азербејџан со 7, Норвешка со 4 и Сан Марино без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА