Баерн Минхен беше блиску до пласман во финалето на ЛШ во Киев, но, сепак, не успеа да возврати со иста мера, или посилно, за поразот на првиот меч на „Алијанц арена“ во Минхен. По ремито (2-2) на „Сантијаго Бернабеу“, европскиот првак Реал Мадрид ќе ја брани титулата. Дефанзивецот на германскиот шампион, Матс Хумелс, вели дека самите се виновни затоа што нема да играат во големото финале.
„Му подаривме на Реал Мадрид по еден гол на двата меча. Но, фудбалот е таков, понекогаш многу суров. Во Лигата на шампионите грешки не се дозволени, и противникот умее да ги искористи. Игравме со кренати глави, имавме шанси, но не успеавме да постигнеме трет гол. Ако сакате да ја освоите титулата, морате да бидете клинички прецизни“, изјави Матс Хумелс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА