Хумелс повторно ќе заигра за Борусија Дортмунд, па ќе ја заврши кариерата?

Дефанзивецот Матс Хумелс, би можел да ја заврши својата професионална кариера во дресот на Борусија Дортмунд, откако наводно изразил желба да игра за „милионерите“ на следното светско клупско првенство.

Германецот пред неколку дена соопшти дека по крајот на сезоната ќе ја заврши својата кариера, а сега е на идеја да и помогне на својата поранешна екипа во битката со најдобрите светски екипи.

Борусија Дортмунд би можела да ја разгледа оваа идеја, со оглед на фактот дека имаат проблеми во одбраната, а пред неколку дена Нико Шлотербек заработи тешка повреда поради која долго време ќе биде оддалечен од терените.

Борусија Дортмунд ќе игра против Флуминензе, Улсан и Сандаунс на првенството кое е на програмата од 14 јуни до 13 јули.

Договорот на Хумелс со Рома истекува на 30. јуни, со што тој би бил слободен агент и би можел да се врати во „милионерите“ по трет пат. Хумелс играше во два наврати за Борусија, а беше дел и од Баерн Минхен.

Се вчитува...