Хумелс размислува меѓу трансфер и пензија

Матс Хумелс на почетокот на оваа сезона се пресели во Рома и се очекуваше да добие поголема минутажа, сепак Германецот е заглавен на клупата и е на крстопат.

Од почетокот на сезоната Хумелс одигра само 24 минути и тоа на натпреварот против Фиорентина кога Рома беше декласирана со резултат 1-5. Оттогаш, тој нема одиграно ниту една минута.

Хумелс беше на клупата на следните четири натпревари, но неговиот неодамнешен тренер Иван Јуриќ не му даде шанса, па Хумелс би сакал да ја смени средината, а доколку тоа не се случи, поранешниот германски репрезентативец дури размислува за пензионирање во јануари.

Се вчитува...