Хумелс вечерва доаѓа во Италија на потпис со новиот клуб

Матс Хумелс е подготвен конечно да пресече околу одлуката за следната дестинација во кариерата и да потпише со калчолигашот Рома, најавуваат италијанските медиуми според кои германскиот ветеран вечерва ќе пристигне во Рим, каде утре по деталните лекарски прегледи ќе го стави својот потпис на договорот со „римската волчица“.

Хумелс е без клуб откако летово му истече договорот со Борусија Дортмунд, тој беше блиску до договор со Болоња, потоа и со Реал Сосиедад, но и во двете ситуации во „пет до дванаесет“ се премисли и реши да ја продолжи потрагата во клуб што 35-годишниот ветеран би го сметал идеален за завршување на кариерата.

Челниците на Рома имале позитивни разговори со дефанзивецот, кому му е понудена годишна плата од 2,5 милиони евра, но и клаузула за автоматско продолжување за уште една година ако сезонава одигра одреден број натпревари за Рома. Неофицијално, тоа бил главниот фактор по кој Хумелс пресекол и најавил дека е подготвен да потпише договор со римскиот клуб.

Тој ќе пристигна на местото на англискиот дефанзивец Крис Смолинг, кој ќе потпише договор со Ал Фајха во Саудиска Арабија.

Се вчитува...