Хунтелар „заплива“ во тренерските води

Откако неодамна објави крај на кариерата, некогашниот холандски репрезентативец Клас Јан Хунтелар се обидува да заплива во тренерските води.

Хунтелар стана дел од стручниот штаб на младинскиот тим на Витезе. Тој ќе стажира во холандскиот тим, додека не земе диплома за тренер.

Холанѓанецот во минатото играше за Ајакс, Реал Мадрид, Милан и Шалке, а беше неизоставен дел од репрезентацијата на Холандија.

Се вчитува...