Хувентуд и Димитријевиќ до сензација во Копа дел реј

Екипата на Хувентуд со Ненад Димитријевиќ во своите редови приреди сензација во четвртфиналето од шпанскиот кралски куп, совладувајќи го тимот на Басконија со 98-89.

Евролигашот влезе со улога на фаворит во ова четвртфинале, Хувентуд згора на тоа беше без Американецот Досон, но најважно од се сепак беше што во ритам беше Нико Лапровитола. Аргентинскиот плејмејкер одигра сензационален натпревар за Хувентуд, реализираше 36 поени и седум асистенции, предводејќи го својот тим до голема победа.

Во ситуација кога Лапровитола играше беспрекорно, Димитријевиќ мина на теренот 10 минути, период во кој реализираше шест поени и две асистенции.

Хувентуд во полуфиналето од Копа дел реј ќе се сретне со победникот од вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Естудијантес.

Се вчитува...