Хувентуд стигна до голема победа на гостински терен против Басконија, со 71-79, зацврстувајќи се на седмото место на табелата во Ендеса-лигата.
Овој дуел беше одложен поради позитивни случаи на коронавирус кај Басконија, а на денешниот натпревар беше очигледно дека домашниот состав е далеку од посакуваниот натпреварувачки ритам. Хувентуд е тим што знаеше како да го искористи тоа, гостите од Бадалона стигнаа до двоцифрена предност во втората четвртина и потоа го контролираа резултатот до самиот крај.
Ненад Димитријевиќ се мачи со повреда на грбот, но македонскиот плејмејкер одигра 18 минути, период во кој реализираше два поени и две асистенции. Пау Рибас со 17 поени беше прв стрелец на Хувентуд, додека најефикасен кај Басконија беше Полонара со 22 постигнати поени.
?♂️ @Neno_D7
? @vamos pic.twitter.com/AIllOscMlF
— Club Joventut Badalona (@Penya1930) May 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА