Сан Пабло Бургос му го нанесе вториот пораз во низа на Хувентуд откако славеше на домашен терен со – во 27. коло од шпанското првенство. Хувентуд одигра одлична прва четвртина во која блескаше и македонскиот репрезентативец, но „зелените“ не успеаја да ја пренесат добрата игра до крајот на првото полувреме, а и покрај обидите за враќање во текот на вторите дваесет минути, домаќините стигнаа до 18 победа во сезоната.
Македонскиот интернационалец, Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 16 поени и реализација 5/8 за два, и 1/3 за три поени, со само едно промашување од линијата за слободни фрлања (3/4). Згора на тоа бекот додаде и 5 асистенции и 3 скока.
И покрај оваа победа Хувентуд останува во поволна позиција за изборување на плејоф во АЦБ лигата со скор од 16 победи и 13 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА