Македонскиот кошаркарски интернационалец во Шпанија, Ненад Димитријевиќ, имаше забележителен настап за Хувентуд во убедливиот триумф над Барселона (89-77). Тој постигна осум поени, со максимална прецизност (1/1 за два, 1/1 за три и 3/3 од слободни фрлања) за 11 минути проведени на паркетот.
Хувентуд со овој триумф го задржа фокусот за пласман во плејофот, а на Барселона и го нанесе првиот пораз по два месеци. Клучна за победата на Хувентуд беше одличната игра во третата четвртина, која домашниот состав ја доби со 29-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА