Хванг од Црвена звезда официјално претставен во Феенорд

Репрезентативецот на Јужна Кореја Ин-Бом Хванг и официјално беше претставен како фудбалер на Феенорд.

Феенорд го официјализираше Кореецот, што дефинитивно ги згасна надежите на навивачите на Звезда дека Хванг може да остане во Белград. Црвена звезда за овој трансфер ќе добие отштета во висина од 8 милиони евра.

Кога пред една година пристигна од Олимпијакос, беше договорено да биде вклучена откупна клаузула која без проблеми ја исплати Феенорд.

Се вчитува...