Во претстојната сезона, Ливерпул да се фокусира на освојување на Премиер-лигата и повторно на добар резултат во Лигата на шампионите и да не троши енергија на домашните купови. Ова се инструкциите кои наводно ги добил менаџерот на актуелиот еврпски шампион, Јирген Клоп од сопствеништвото на клубот.
„Фенвеј спортс груп“ компанијата која го поседува Ливерпул барала Клоп да се насочи кон двете најголеми натпреварувања на сметка на ФА и на Лига купот.
Ливерпул традиционално има одбри резултати во англиските купови, има рекордни осум титули во Лига купот и седум трофеи во ФА купот, но нема шампионска титула во Премиер-лигата од 1989 година. Минатата сезона заостана само еден бод зад првакот Манчестер Сити, а тирумфираше во шампионската лига победувјќи го Тотенхем во финалето.
Според ова, Ливерпул во актуелната сезона во дуелите од куповите би можел да настапува со ослабен состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА