Шпанскиот гигант Барселона го продаде Нејмар за 222 милиони евра, а со тие пари сега може да си купи и неколку нови засилувања. Најавен е дефанзивецот Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад, се поблиску е и Фелипе Кутињо од Ливерпул, а се погласни се шпекулациите и за Пауло Дибала од Јувентус.
Но, шпанските медиуми информираат дека можно е и Џулијан Дракслер, германскиот интернационалец кој е член на ПСЖ, да пристигне на „Камп Ноу“. Причината за ваквите најави е доаѓањето на неговиот агент Роџер Витман во Барселона. Тој е виден денеска на аеродромот во Барселона, и се претпоставува дека заминал на завршни преговори за доаѓањето на Дракслер на „Камп Ноу“. Тој за 45 милиони евра од Волфсбург дојде во ПСЖ, но со доаѓањето на Нејмар се чини дека ќе „извиси“ во конкуренција за првиот состав.
Секако, се работи за одличен фудбалер, па доколку тренерот Ернесто Валверде се сложи, би можел да стане ново засилување на Барселона ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА